НАВОДНУВАЊЕ ЗА 4.000 ХЕКТАРИ Уште 20 отсто работа до завршување на браната Конско
Браната „Конско“ е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, којшто опфаќа три потсистеми за наводнување – во Гевгелија, Богданци и Дојран.
Навремено обезбедување чиста вода за наводнување на нови 4.000 хектари земјоделски површини е клучната функција на браната „Конско“ како дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“, за чија изградба веќе се завршени 80 отсто од градежните работи. Освен за наводнување, акумулацијата ќе се користи за производство на електрична енергија, но и за развој на туризмот, риболовот, спортот и рекреацијата.