НАВИВАМ ЗА СРБИЈА, АМА И ЗА МАКЕДОНИЈА Вучиќ не пропушта фудбалски натпревар на овие репрезентации
Очекувам победи од нашата фудбалска репрезентација. Навивам само за Србија, ама ја поддржувам и Македонија, порача српскиот претседател.
„Навивам само за Србија, ама и за Македонија“. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“.
Тој додаде дека не му е сеедно кога едни против други играат Србија и Црна Гора, но дека секако навива за Србија во таков случај.
– Очекувам победи од нашата фудбалска репрезентација. Навивам само за Србија, ама ја поддржувам и Македонија. Нашиот најголем проблем е што не можете да приватизирате клубови бидејќи никој нема да инвестира пари таму каде што главниот збор го имаат навивачите и раководството на клубот – изјави Вучиќ.