НАВИВАЧОТ НА СИТИ СЀ УШТЕ Е ВО КОМА Напаѓачите изведени пред суд

Сити во вторникот го совлада Бриж на гостински терен со 5-1, а по натпреварот се случи инцидент кога 63-годишен белгиски навивач на Сити беше физички нападнат на паркинг од пет лица и поради сериозни повреди веднаш беше пренесен во болница.

342

Навивачот на англискиот фудбалски клуб Манчестер сити, кој беше нападнат на пат кон својот дом на враќање од натпреварот против Клуб Бриж во Лигата на шампиони одигран неделава во Белгија, е во стабилна состојба, но сè уште е во кома, соопшти денеска Обвинителството.

Сити во вторникот го совлада Бриж на гостински терен со 5-1, а по натпреварот се случи инцидент кога 63-годишен белгиски навивач на Сити беше физички нападнат на паркинг од пет лица и поради сериозни повреди веднаш беше пренесен во болница.






Еден од осомничените напаѓачи е обвинет за кражба со тешко насилство, еден за нанесување тешки телесни повреди, а сите петмина се обвинети за небрежност. Петмината напаѓачи денеска беа изведени во судот во Гент.

Тројца од нив се пуштени под строг надзор, вклучувајќи и забрана за посета на фудбалски натпревари, додека двајца останаа притвор.

Белгиско Обвинителство соопшти дека повредениот навивач „има повреди опасни по живот“.

Поврзани содржини