Навивачите разочарани од восочната фигура: Не личи на Меси, наликува на Рамзи

401

Музејот на восочни фигури во Барселона ја изложи новата статуа на капитенот на каталонскиот клуб Лионел Меси, предизвикувајќи подбивни реакции од навивачите поради „изобличениот“ лик на Аргентинецот.

Меси е претставен во клупските бои на Барселона со неговиот заштитен број 10 и карактеристичната поза во која ги прославува головите со кренати показалци кон небото.






Статуата предизвика големо разочарување и подбивни реакции на социјалните мрежи од голем број навивачи, кои коментираат дека ликот на Меси на восочната фигура е изобличен и повеќе наликува на играчот на Јувентус, Арон Рамзи или голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Поврзани содржини