📷 НАВИВАЧИТЕ НА ЈУВЕНТУС ГО „ЗАКОПАА“ ЛУКАКУ Белгиецот го плаќа данокот од седењето на две столчиња

Навивачите на Јувентус веќе во неколку наврати јавно му имаат соопштено на напаѓачот дека е непосакуван во редовите на Старата Дама.

598

„Лукаку, остани си во Милано, ние веќе имаме втор голман“.

Ваква порака му испратија навивачите на Јувентус на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој, иако Интер два пати му даде шанса да си ја спаси кариерата која започна да му избледува во Премиер лигата, сепак безобразно флертувал со Старата Дама и преговарал за трансфер во Торино.






Ваквиот потег на Белгиецот сериозно го налути раководството на Интер, па претседателот на клубот Стивен Жанг им стави забрана на директорите да водат било какви преговори за трансфер на Лукаку.

Но, очигледно, не се задоволни ниту навивачите на Јувентус, кои веќе во неколку наврати јавно му имаат соопштено на напаѓачот дека е непосакуван во редовите на Старата Дама.

Инаку, пораката „ние веќе имаме втор голман“ следува откако токму белгискиот фудбалер беше еден од главните виновници за поразот на Интер во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, затоа што при еден од последните шутеви на натпреварот, тој ненамерно одбрани чист гол и не дозволи топката да влезе во мрежата на противникот.

Исто така, Лукаку е познат и по тоа што го љуби грбот на буквално секој клуб во којшто заигрува, а навивачите на ова гледаат класично лицемерие и глума.

Поврзани содржини