Навивачите на Италија нема заедно да гледаат финеле: „Олимпико“ ќе остане затворен

Градоначалничката на Рим предложи ограничен број од 16.000 навивачи да можат од трибините на стадионот „Олимпико“ да го гледаат финалниот натпревар на Италија против Англија на „Вембли“, но не доби поддршка поради загриженоста од можно ширење на заразата со ковид-19.

287

Градската управа на Рим не го прифати предлогот на градоначалничката Вирџинија Раџи за организирано следење на вечерашното финале на ЕУРО2020 на Олимпискит стадион во италијанската престолнина.

Градоначалничката на Рим предложи ограничен број од 16.000 навивачи да можат од трибините на стадионот „Олимпико“ да го гледаат финалниот натпревар на Италија против Англија на „Вембли“, но не доби поддршка поради загриженоста од можно ширење на заразата со ковид-19.






Италијанските навивачи, сепак, ќе можат да го следат финалето против Англија во фан-зони во близина на Колосеумот и Пјаца дел Пополо, каде организирано се следеа сите натпревари на Италија на ЕУРО2020.

Поврзани содржини