Навивачите на Интер удрија по Лаутаро Мартинез
Тој посебно ги разочара навивачите во реваншот против Наполи кога беше заменет поради бледата и неубедлива партија.
Аргентинскиот напаѓач на милански Интер, Лаутаро Мартинез, деновиве трпи остри критики од навивачите. Како што пренесува „Gazeta delo Sport“, Латурато е на мета на критичарите поради слабите одиграни партии, особено откако почна неговото име да се поврзува со Барселона.
Тој посебно ги разочара навивачите во реваншот против Наполи кога беше заменет поради бледата и неубедлива партија.
Медиумите пренесуваат дека Лаутаро би можел да ја „грее“ клупата и на следните натпревари дури и во случај да не потпише за Барселона. Според весникот, Алексис Санчез сериозно му се наметнува на тренерот Конте како решение во нападот заедно со Ромелу Лукаку.