📽 НАВИВАЧИТЕ НА АЛ НАСР МУ ПОДГОТВИЈА СПЕЦИЈАЛНА КОРЕОГРАФИЈА Роналдо им возврати со фантастичен погодок

Кристијано Роналдо се „стопи“ на кореографијата на навивачите на Ал Наср и постигна победнички гол за својот тим.

719

Во пресрет на мечот со Дамак во првенството на Саудиска Арабија, навивачите на Ал Наср направија кореографија посветена на Кристијано Роналдо, кој беше импресиониран од она што го виде.






Инаку, секогаш концентрираниот Роналдо не можеше да не погледне кон трибините на кои жестоките навивачи на Ал Наср му приредија посебен спектакл. Го обоија како маскиран суперхерој со боите на португалското знаме во позадина.

Роналдо на специјалниот поздрав им возврати со фантастичен гол од слободен удар за победа на Ал Наср против Дамак со 2-1.


Гостите поведоа во првото полувреме по спорната одлука на судијата да не досуди прекршок врз Кристијано Роналдо, по што следеше контранапад и гол.

Во вториот дел фудбалерите на Ал Наср изедначија со голот на Андерсон Талиска во 52. минута, а потоа Кристијано Роналдо во 56. минута од слободен удар го постави конечниот резултат на задоволство на домашните навивачи.

Поврзани содржини