НАВИВАЈТЕ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Пуштени во продажба влезниците за реваншот против Чешка

Средбата ќе се игра на 17 април со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде реванш од бараж за пласман на Светското првенство 2023.

219

Ракометната федерација на Македонија денес ги пушти во продажба влезниците за дуелот на сениорската селекција со Чешка.

Средбата ќе се игра на 17 април со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде реванш од бараж за пласман на Светското првенство 2023.






Продажбата на влезници се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари.

Поврзани содржини