НАВИСТИНА ЛИ МИСЛИ МАРИЧИЌ ДЕКА НЕКОЈ МУ ВЕРУВА? Не се против НАТО и ЕУ тие што се против корупцијата во тајниот договор со „Бехтел и Енка“
Џевдет Хајредини за спиновите на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ
Ставот на ЕУ е дека во овој случај не е оправдано ставањето европско знаме за брза процедура за донесување на законите.
Мисли ли Маричиќ дека било кој во ЕУ или во Македонија, нему му верува дека Левица, со само двајца од вкупно 120 пратеници во Собранието, како проруска, анти-НАТО и анти-ЕУ партија, со нелигитимна блокада, ќе направи сè да ги спречи коридорите што треба да ги изгради американската компанија?
ЕУ и САД не помалку од Маричиќ се запознаени со состојбите во Македонија, зашто нивни претставници овде биле уште кога тој бил многу млад, за нему да му веруваат.
Изградбата на коридорите никој не сака и не може да ја спречи. Ниту се против НАТО и ЕУ тие што бараат да се спречи криминалот и корупцијата со тајниот договор на „Бехтел и Енка“, за кој Ковачевски кажува дека не го крие, ама не може да се гледа.
Против коридорите биле и се, тие што повеќе од 20 години се на власт, а од коридорот 8 не изградија ни еден километар.
Не може автостради да градат „координаторите“ на Заев и Ковачевски, кои ниту за 6 години не се во состојба да изградат само 2 километри од автопатот Скопје – Блаце, долг сè на сè 12,5 километри.
(Фејсбук статус на Џевдет Хајредини)