Навални си ја бара облеката која Русите му ја земале пред да замине во Берлин
Навални во објава на неговата веб-страница наведе дека истекол рокот од 30 дена на полицијата да ја спроведе „предистражната проверка“ на, како што рече, обид за убиство со труење и дека сега има право да си ги врати предметите.
Рускиот позиционер Алексеј Навални кој се опоравува во Германија откако беше отруен со нервен агенс ги повика руските истражители да му ја вратат неговата облека, која, според него, е клучен доказ во случајот.
Навални во објава на неговата веб-страница наведе дека истекол рокот од 30 дена на полицијата да ја спроведе „предистражната проверка“ на, како што рече, обид за убиство со труење и дека сега има право да си ги врати предметите.
„Пред да ме однесат во Германија, тие ми ја соблекоа цела облека од мене и ме испратија целосно гол. Со оглед на тоа дека ‘новичок‘ беше пронајден на моето тело и дека е многу веројатна инфекцијата со контакт, мојата облека е многу важен доказ“, напишал Навални на Инстаграм.