📷 НАВАЛНИ Ѝ НАПИШАЛ НЕЖНИ ЗБОРОВИ НА СОПРУГАТА Два дена пред смртта ја испратил последната порака
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, на 14 февруари, два дена пред смртта испратил две пораки на социјалните мрежи.
Два дена пред смртта Алексеј Навални и напишал емотивна порака на својата сопруга. Рускиот опозициски политичар отслужуваше затворска казна на северот на Русија. Тој со колегите и со пријателите комуницираше повремено преку социјалните мрежи. Неговите последни две објави на Твитер се од 14 февруари.
Првата порака Навални и ја посвети на својата сопруга.
„Душо, кај тебе сè е како во песна: меѓу нас се градови, аеродромски писти, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, а јас те сакам сè повеќе и повеќе“ – пишува Навални во пораката во која е објавена и негова фотографија со сопругата.
Крошка, у нас с тобой все как в песне: между нами города, взлетные огни аэродромов, синие метели и тысячи километров. Но я чувствую, что ты рядом каждую секунду, и я люблю тебя все сильнее ❤️ pic.twitter.com/gnnTf7RYrR
— Alexey Navalny (@navalny) February 14, 2024
Во втората објава од истиот ден, Навални објави дека добил уште една казнена мерка.
Ямальская колония решила побить владимирский рекорд холуйства и угождения московскому начальству. Только что дали 15 суток ШИЗО. То есть это 4-ое ШИЗО за менее чем 2 месяца, что я у них. Жестят.
— Alexey Navalny (@navalny) February 14, 2024
„Колонијата Јамал реши да го собори владимирскиот рекорд во дробење и угодување на московските власти. Само што ми дадоа 15 дена во казнената ќелија. Односно ова е 4-та казнена ќелија за неполни 2 месеци колку што сум кај нив“ – напишал Навални.