Руската антикорупциска фондација на опозицискиот лидер Алексеј Навални денеска објави афера во која е инволвиран рускиот претседател Владимир Путин, на само еден ден по апсењето на Навални, објави Слободна Европа.
„Во аферата именувана како „ Палатата на Путин“ се тврди дека луксузна палата изградена на заливот на Црното Море наменета за рускиот владетел чини 1,3 милијарди американски долари а зафаќа простор од 17 илјади хектари . Во извештајот е наведено дека во луксузниот имот е вклучена црква 2,5 илјади метри квадратни стаклена градина, амфитеатар, неколку станбени згради и „специјален тунел“ што води до брегот. Во самата палата се вклучени домашно кино, лоби со бар, казино и сала со автомати и базени“, пишува Слободна Европа.
„Ова е една од најдобро чуваните места во Русија и ова е најголемата тајна на Путин, која е заштитена од стотици па дури и илјадници непознати луѓе во Русија, “ вели Навални.