НАВАЛНАЈА ГО ПОВИКА ПУТИН ДА РЕАГИРА Вдовицата на Навални бара итно ослободување на 1.000 политички затворениците

Вдовицата на Алексеј Навални повика на итно ослободување на политичките затвореници во Русија пред американско-рускиот самит, потенцирајќи дека примирјата се кршат и дека животите се во опасност.

364

Пред денешниот американско-руски самит за војната во Украина, Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, го повика претседателот Владимир Путин да ги ослободи сите политички затвореници.

– Овој чекор би влегол во историјата. Само направете го – изјави таа во видео-порака упатена до учесниците на самитот во американската сојузна држава Алјаска. Навални почина во казнена колонија во 2024 година.






Навалнаја рече дека во Русија има околу 1.000 политички затвореници, а десетици се осудени на долги години во казнени колонии поради протестите против војната на Путин.

Путин и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретнат во текот на денот во воена база близу Eнкориџ – нивна прва средба од почетокот на руската агресија пред речиси три и пол години. Се очекува разговорите да бидат насочени кон можни начини за постигнување примирје во Украина.

Навалнаја оцени дека во Анкорејџ постои шанса за историски состанок со реален резултат кој би можел да се памети. Таа порача дека ги има листите на затворениците, па ослободувањето би можело да се изведе брзо. Во видеото беа прикажани и фотографии од дел од притворените.

Тимот на Навални со години укажува на состојбата на политичките затвореници и тешките услови во руските казнени установи, кои често се закана по животот.

Сепак, таа изрази скептицизам дека самитот ќе доведе до крај на војната, потсетувајќи дека претходни примирја биле прекршувани, а надежите повторно уривани.

– Луѓето умираат секој ден – предупреди таа, додавајќи дека постои ризик договорите на Алјаска брзо да бидат заборавени.

Поврзани содржини