НАУТРО ЗАТИШЈЕ, А ПОПЛАДНЕ БУРНО Грмежи и дожд ќе го зафатат Скопје и западот на државата

Слично време се очекува и во Скопје, каде утрото ќе помине со делумно сонце, а попладне градот би можел да биде зафатен од краткотрајно невреме со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 27 степени.

354

Денот ќе започне со променливо облачно и топло време, со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Но, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладневните часови носат поголема нестабилност и можна појава на пороен дожд и грмежи во повеќе делови од земјава.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 16 во Маврово и 28 Целзиусови степени во Гевгелија.






Слично време се очекува и во Скопје, каде утрото ќе помине со делумно сонце, а попладне градот би можел да биде зафатен од краткотрајно невреме со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 27 степени.

– По потоплото и релативно стабилно утро, попладневните часови носат зголемена нестабилност, особено во Скопскиот регион и западните делови на државата. Граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, бидејќи е можно локално невреме со пороен дожд и електрични празнења – велат од УХМР.

Метеоролозите предупредуваат дека иако временските услови ќе бидат претежно пријатни до пладне, попладневната нестабилност може да биде интензивна во одделни подрачја, особено во планинските региони и околу Скопје.

Поврзани содржини