НАУТРО ЛАДНО, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Следува период на стабилно време

Минималната температура е во интервал од -6  до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

2

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура е во интервал од -6  до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени.






Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во земјава следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови, ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

Поврзани содржини