Наумовски: Лажат, не сум бил по кафеани!

Крајно време е советниците да прекинат да се служат со невистини и погрешно да информираат. Наместо тоа, силите нека ги насочат кон реалните проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров и нивно решавање, соопшти градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

696

Груба манипулација е информацијата на одредени портали лиферувана од опозициската партија дека во текот на вчерашниот ден наместо на седница на Совет сум бил по кафеани, реагираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

„Како член на Националниот совет за евроинтеграции, истовремено со седницата на Совет, во Собранието присуствував на седница на која беа презентирани програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. За седницата во Законодавниот дом објавив и на социјалните мрежи. Присутна на седницата на Совет беше дел од администрацијата која е подготвена соодветно да одговори на сите советнички прашања. Крајно време е советниците да прекинат да се служат со невистини и погрешно да информираат. Наместо тоа, силите нека ги насочат кон реалните проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров и нивно решавање“, соопшти Наумовски.

Поврзани содржини