НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ ИТНО ДА СЕ РАЗРЕШИ И ДА ОДГОВАРА! Опозицијата бара да се постапи по наодите на ДКСК

Според Сергеј Попов од УМС, недозволено е молчењето на Ковачевски, зашто така му дава простор на Мојсовски да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.

385

Јавното обвинителство да покрене постапка за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт, а премиерот Димитар Ковачевски да го разрешеи директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, кој е назначен на таа позиција од СДСМ – побара вчера Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Сомнежите се дека Мојсовски извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка на за него подобни спортски организации, а тоа траело цели три години, вели првиот човек на УМС.






– Непочитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии, и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало. Oва го истакнува член на ДКСК, ова не е партиска теза на ВМРО-ДПМНЕ, туку институција која е дел од власта, која сериозно се сомнева на малверзации во Агенцијата за млади и спорт со која директорува Наумче Мојсовски – рече Попов.
Според него, недозволено е молчењето на Ковачевски, зашто така му дава простор да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.
– Преку Агенцијата за млади и спорт, годишно на федерации и клубови се доделуваат средства во висина од околу 1 милијарда денари. Според ДКСК сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари. Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени – рече Попов.

Тој праша дали македонскиот спорт тоне затоа што СДСМ и ДУИ прават финансиски малверзации преку институциите кои треба да го стимулираат спортот?

– Зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање на клубови и дали затоа Мојсовски е се уште директор на Агенцијата за млади и спорт – праша првиот човек на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини