НАУКАТА ПРОТИВ ДЕИЗНФОРМАЦИИТЕ Франција потврди дека алтернативните никотински производи се помалку штетни од цигарите

Во студијата се наведува дека нема доволно докази за врска помеѓу употребата на алтернативи без чад и одредени респираторни заболувања. Клучната разлика во споредба со пушењето лежи во отсуството на согорување, процесот што е главен извор на токсични супстанции во чадот од цигарите. Со преминување на алтернативи, се јавува драстично намалување на изложеноста на штетни материи за 80 до речиси 100 отсто.

0

Обемна научна анализа спроведена од Француската национална агенција за храна, животна средина и безбедност при работа (АНСЕС), базирана врз повеќе од 2.500 научни студии, потврди дека алтернативните никотински производи се значително помалку штетни од пушењето, што ги прави побезбедна опција во споредба со традиционалните цигари.

Во студијата се наведува дека нема доволно докази за да се потврди јасна врска помеѓу употребата на алтернативи без чад и одредени респираторни заболувања. Клучната разлика во споредба со пушењето лежи во отсуството на согорување, процесот што е главен извор на токсични супстанции во чадот од цигарите. Со преминување на алтернативи, се јавува драстично намалување на изложеноста на штетни материи за 80 до речиси 100 отсто.






Од друга страна, министерот за здравство, Азир Алиу, во својот јавен настап во поткастот „Каде се парите?“ изнесе став дека алтернативните производи без чад се еднакво, па и поштетни од традиционалните цигари и дека поради нивната изразена привлечност за малолетници и поврзаноста со рана употреба, институциите оправдано ги изедначуваат со класичните тутунски производи.

Но, наспроти ваквите тврдења на Министерството, студиите на највисоките владини организации низ светот надлежни за здравствени регулативи го посочуваат спротивното. Најрелевантниот здравствен регулатор во светот, Американската администрација за храна и лекови (FDA), врз основа на собраните резултати, анализи и светски искуства, им даде одобрение на уредите што го загреваат тутунот и ги класифицира во категоријата „производи со модифициран ризик“ (MRTP). Американската администрација за храна и лекови потврди дека нивната употреба значително го намалува производството на штетни и потенцијално опасни супстанции.

Намалената штетност на алтернативните производи ја потврдија и студиите на Комитетот за токсичност на Велика Британија (UC COT), Британското јавно здравје (PHE), Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM), Германскиот федерален институт за проценка на ризик (BFR), Високиот совет за здравје на Белгија (SHC), како и над 700 независни студии на организации и институции од повеќе земји низ светот, вклучувајќи ги САД и Јапонија.

Студиите на владините тела и независните студии со децении имаат ист став, дека штетата од пушењето доаѓа од согорувањето и токсичниот чад што настанува при тој процес, а не од никотинот сам по себе. Класичните цигари горат тутун на температури над 800 степени целзиусови и при тоа создаваат чад кој содржи илјадници хемиски соединенија, од кои многу се канцерогени или токсични. Од друга страна, несогорливите тутунски производи не горат, туку го загреваат тутунот, при што не се создава чад од согорување, туку аеросол со фундаментално различен хемиски состав. Оваа разлика не е теоретска, туку е потврдена од низа независни институции.

Во јавната дебата околу тутунските производи, особено е важно сите ставови и политики да се темелат на постојните научни докази и релевантни истражувања, со цел јавноста да има пристап до точни и проверени информации.

Поврзани содржини