НАУКАТА ПОТВРДИ Мачето и кучето го прават човекот посреќен
Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин, хормонот на среќата.
Физичкиот контакт може да го направи човекот посмирен и посреќен, а понекогаш е доволно и галење мачка или куче, смета шведскиот неврофизиолог Хелена Беклунд Васлинг.
Таа истакнува дека чувството на допир е исклучително важно за луѓето. Во својот научен труд, објаснува дека времето минато со домашно милениче, мачка или куче, може да има смирувачки ефект во разни и различни ситуации. Васлинг, исто така, укажува на разликата меѓу галењето вистински, живи животни и играњето со кадифните играчки.
– Се работи за дишењето, топлината, еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа – вели неврофизиологот.
Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин, хормонот на среќата.