Научниците со важно откритие: Еве на која температура коронавирусот е најсилен, а на која умира!
На температура од 22 степени, коронавирусот е активен седум дена, на 37 степени е активен не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени може да живее само 30 минути.
Новиот коронавирус е најактивен на температура околу 4 степени Целзиусови, додека, пак, на температура од 70 степени умира за само пет минути, покажало најновото истражување на Универзитетот во Хонг Конг.
„На 4 степени Целзиусови вирусот може да живее скоро две недели, а на 70 степени тој умира за пет минути“, наведено е во медицинскиот извештај.
На температура од 22 степени, коронавирусот е активен седум дена, на 37 степени е активен не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени може да живее само 30 минути.
Научниците ја истражувале и задржливоста на вирусот на најразлични површини, па откриено е дека тој останува на заштитната маска неколку дена на собна температура.
На хартија вирусот останува помалку од три часа, на дрво не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, а на челик и на пластика останува една недела.