Научниците со ново откритие: Ковид-19 удира на мозокот, оштетувањата се типични со Алцхајмерова и со Паркинсонова болест

Според студијата, гените поврзани со спознавањето, шизофренија и депресија се активираат многу почесто во мозокот на луѓето кои страдаат од ковид-19.

768

Научниците од Универзитетот Стенфорд открија оштетувања на мозокот кои се типични со Алцхајмерова и со Паркинсонова болест кај пациенти починати од ковид-19.

Американски истражувачи, заедно со своите колеги од Универзитетот во германскиот град Саарбрикен, анализирале мозочно ткиво од осум пациенти кои починале од коронавирус, и од 14 лица кои починале од други причини.






– Забележани се „фрапантни промени” во мозокот на пациентите кои починале од ковид-19 – објаснил Тони Вис-Кори, кој е дел од научниот тим на Универзитетот Стенфорд.

Според студијата, гените поврзани со спознавањето, шизофренија и депресија се активираат многу почесто во мозокот на луѓето кои страдаат од ковид-19.

– Имаше и знаци на истоштеност кај невроните во церебралниот кортекс – делот од мозокот кој игра важна улога во донесувањето одлуки, меморијата и математичкото расудување – објаснил Вис-Кори.

Истражувачите не го откриле вирусот во мозокот, што укажува на тоа дека инфекцијата во останатиот дел од телото може да предизвика невролошки симптоми дури и кај луѓе кои не умираат од ковид-19.

Податоците од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр”.

Поврзани содржини