Научниците шокирани! Забележани неколку напади на бродови од страна на китови-убици (ВИДЕО)
Орка удри во бродот најмалку 15 пати, изјави извршниот директор на „Halycon Yachts“ Пит Грин. Бродот мораше да се влече до пристаништето, каде ќе се изврши проценка на штетата.
Научниците беа изненадени по неколкуте инциденти во кои китовите-убијци се удираа во едрилици покрај шпанското и португалското крајбрежје.
Во последните два месеци, морнарите постојано повикуваат на помош откако наидоа на китови-убијци. Два брода останаа без делови од кормилото, најмалку еден член на екипажот беше повреден, а неколку бродови претрпеа значителна штета.
Последниот ваков инцидент се случи во петокот попладне на северниот брег на Шпанија.
Орка удри во бродот најмалку 15 пати, изјави извршниот директор на „Halycon Yachts“ Пит Грин. Бродот мораше да се влече до пристаништето, каде ќе се изврши проценка на штетата.
Околу исто време, предупредувањата за орки се појавија малку појужно, во Виго. На 30 август, брод со француско знаме ја повика крајбрежната стража да извести дека бил нападнат од кит-убиец.
На крајот на јули, на р`тот Трафалгар, екипажот на еден брод извести дека биле опкружени со дури девет китови-убијци, кои удирале во бродот час и половина. Во исто време, тие го свртеле бродот за дури 180 степени, го оневозможиле моторот и го уништиле кормилото.
Претходно истата вечер, Ник Жил слушна страшен удар врз неговата јахта, како да било со чекан. Тој видел како кормилото се врти со неверојатна моќ и му го оневозможува управувањето, а неговиот брод долг 10 метри се свртел за 180 степени. Тој почувствувал како бродот се крева, а орките го туркале 15 минути.
Ова се високоинтелигентни цицачи. Истражувачите кои ја проучуваат малата популација во Гибралтарското Море велат дека станува збор за љубопитни животни за кои е нормално да следат брод, дури и да комуницираат со него, но никогаш толку насилно.
Шпанските поморски служби ги предупредија пловните објекти да не се држат близу до китовите, но извештаите за морнарите околу морињата во текот на јули и август сугерираат дека такво нешто може да биде тешко, а однесувањето на овие животни ги изненади и научниците. Тие сè уште не разбираат што се случува, но велат дека ваквото однесување може да влијае на големиот стрес кај таа загрозена популација.
Биологот Алфредо Лопез, кој ги проучува китовите, вели дека орките обично патуваат покрај брегот во текот на септември за да уловат туна.