Научниците предупредуваат: Земјата сега задржува двојно повеќе топлина отколку во 2005 година

Разликата помеѓу влезната и излезната енергија се нарекува енергетска рамнотежа, а студијата покажа дека во периодот помеѓу 2005 и 2019 година.

383

Според најновото истражување, Земјата денес фаќа двојно повеќе топлина отколку пред 15 години.

Научниците ги анализирале податоците од проектот на НАСА – „CERES“ (Clouds and the Earth’s Radiant Energy System), кој собира информации од неколку сателити во орбитата и мери колку енергија апсорбира нашата планета во форма на сончева светлина и колку од нив испушта назад во вселената во форма на инфрацрвено зрачење.






Разликата помеѓу влезната и излезната енергија се нарекува енергетска рамнотежа, а студијата покажа дека во периодот помеѓу 2005 и 2019 година, оваа нерамнотежа е двојно поголема во споредба со претходните години, пишува „Space.com“.

Независни мерења

Експертите исто така користеа податоци од „Арго“, меѓународна мрежа на сензори инсталирани преку светските океани, кои ја мерат стапката на нивното затоплување.

– Два независни начини на кои може да се измерат промените во енергетскиот дисбаланс на Земјата покажуваат слични резултати – рече атмосферскиот научник Норман Лоеб, водечки автор на новата студија и водач на проектот на „CERES“.

– Трендовите забележани се во извесна смисла доста алармантни – додаде тој.

Лоеб и неговите колеги заклучиле дека зголеменото затоплување е комбиниран резултат на природните процеси и човечките активности. На пример, зголемената концентрација на стакленички гасови како јаглерод диоксид и метан во атмосферата на Земјата доведува до зафаќање на поголема топлина. Ова доведува до намалување на површината на ледената плоча, што пак предизвикува помалку рефлексија на влезната енергија од површината на планетата.

Природни причини

Но, експертите открија дека природна потрошувачка исто така придонесува за затоплувањето преку шемата наречена Пацифичка декадна осцилација (ПДО). „ПДО“ предизвикува редовни флуктуации на температурата на Тихиот океан, со тоа што западните делови стануваат постудени, а источните се затоплуваат во текот на десет години, па ситуацијата се менува во следната деценија. Во 2014 година започна невообичаено интензивна фаза на „ПДО“ што предизвика намалено формирање на облак над океанот, што пак резултираше со зголемена апсорпција на влезната енергија.

– Веројатно е комбинација на антропогена активност и внатрешна варијабилност“, рече Лоеб, осврнувајќи се на ефектите што ги имаат човековата активност и природните варијации во однесувањето на планетарниот екосистем.

Лоеб додава дека, иако студијата опфаќа само релативно краток временски период, стапката на заробување на топлина покажува дека нашата планета е во поголема енергетска нерамнотежа отколку што се сметаше претходно и дека посериозни климатски промени, како што се забрзаното покачување на температурата и зголемувањето на нивото на морето, можат да се очекуваат.

Истражувањето под наслов „Satellite and Ocean Data Reveal Marked Increase in Earth’s Heating Rate“ е објавено во списанието „Geophysical Research Letters“.

Поврзани содржини