Научниците потврдија: Коронавирусот не ги напаѓа само белите дробови, туку и срцето

Како што истакнале експертите, коронавирусот може да има кобни последици за луѓето кои имаат кардиоваскуларни болести, на пример - хипертензија.

2,414

Американските научници утврдиле дека од коронавирусот освен белите дробови страда и срцето, објави „The Sun“. Во текстот се вели дека Ковид-19 може да предизвика сериозни срцеви проблеми дури и кај оние луѓе коишто претходно немале никакви проблеми со срцето. Како што истакнале експертите, коронавирусот може да има кобни последици за луѓето кои имаат кардиоваскуларни болести, на пример – хипертензија.

– Дури и никогаш да сте немале срцеви проблеми, коронавирусот може да влијае на срцевиот мускул. Потврдено е дека повреда на срцевиот мускул може да му се случи секому, без оглед дали имал кардиоваскуларни проблеми. Сепак, ризикот е многу поголем кај оние пациенти кои веќе имаат дијагностицирано срцева болест – вели Мухамед Маџи од Научно-истражувачкиот здравствен центар во Универзитетот во Тексас.






Тој додава дека заразата со Ковид-19 може да предизвика срцев удар кај пациентот, а инфекцијата може да доведе и до воспаление на слузницата на срцето, како и до воспаление на срцевиот мускул.

Поврзани содржини