Научниците одговорија на клучните прашања за болните без симптоми: Само едно обично издишување може да биде кобно!
Вилијам Петри, професор за микробиологија во Вирџинија, специјализиран за заразни болести, за „Тhe Conversation“ објаснува неколку најважни работи поврзани со асимптоматските носители на вирусот.
Асимптоматските носители на ковид-19 се една од најголемите загатки кога станува збор за пандемијата која го напаѓа целиот свет. Додека едни заболени од коронавирусот имаат разни симптоми, некои други немаат никакви симптоми и не се ни свесни дека се болни.
Вилијам Петри, професор за микробиологија во Вирџинија, специјализиран за заразни болести, за „Тhe Conversation“ објаснува неколку најважни работи поврзани со асимптоматските носители на вирусот.
Колку е често луѓето да се заразени, а да не знаат дека се болни?
Факт е едка инфекцијата без никакви симптоми е честа појава. Можеби најдобар пример е примерот за тифузната Марија, која ја ширела тифузната грозница меѓу луѓето, а самата таа немала симптоми. Тоа се случувало на почетокот на 1900 година.
Јас и моите колеги откривме дека телото се бори против многу инфекции, а дека човекот може воопшто да не знае дека тоа е така. На пример, кога внимателно ги следеме децата поради заразата со паразитот „Cryptosporidia“, половина од децата кои беа заразени воопшто немаа симптоми.
Во случај на грип, проценките се дека од 5 до 25 отсто од инфекцијата се случува без симптоми.
Симптомите се главно нуспојави на борбата против инфекцијата. Потребно е малку време за имунолошкиот состав да ја активира одбраната, па затоа некои случаи се сметаат за пресимптоматски отколку за асимптоматски.
Како може некој да го шири ковид-19, а да не кашла и да не кива?
Сите внимаваат на капките кои заразените ги распрскуваат преку кашлање и кивање. Тоа е една од главните причини зошто здравствените власти постојано сугерираат да се носат заштитни маски.
Но, вирусот исто така може да се шири и преку нормално издишување со тоа што во воздухот се исфрлаат мали капки кои можат да содржат и ситни капки со ковид-19.
Обичното издишување може да го прошири вирусот на неколку метри.
Колку е заразна асимптоматската личност?
Без оглед на сè, ако сте биле изложени на ризик да бидете заразени со ковид-19, треба да бидете во самоизолација 14 дена. Дури и ако се чувствувате добро, сè уште постои опасност дека можете да го проширите вирусот на други луѓе.
Токму способноста за пренесување на вирусот од страна на луѓето без симптоми е главната причина за пандемијата.
По асимптоматска инфекција, може ли некој и понатаму да има антитела во телото?
Голем број луѓе развиваат антитела по оздравувањето, па дури и оние без симптоми. Разумна е претпоставката дека тие антитела ќе понудат одредена заштита од реинфекција. Но, сè уште не е ништо сигурно. Неодамнешното серолошко истражување во Њу Јорк покажа дека дури еден од пет жители претходно би можел да биде заразен со коронавирусот. Нивниот имунолошки систем се борел против ковид-19, без разлика на тоа дали тие биле свесни дека се заразени.
Колку е раширена асимптоматската инфекција со ковид-19?
Никој не знае за сигурно. На пример, јапонските државјани кои беа евакуирани од кинескиот град Вухан и кои беа тестирани на ковид-19, дури 30 отсто од нив беа заразени без симптоми. Италијанското истражување покажа дека 43 отсто од луѓето кои се позитивни на коронавирусот не покажале симптоми.