НАУЧНИЦИТЕ НАЈДОА НАЧИН ДА ГО ЗАБАВАТ СТАРЕЕЊЕТО За оние над 50-тата, ова е скапоцено, а достапно за сите

Според истражувачите, резултатите покажале забавување на процесот на стареење еквивалентно на враќање на речиси три години назад, во споредба со оние кои земале плацебо.

180

Нова научна студија, објавена во American Journal of Clinical Nutrition, открива дека дневниот додаток на витамин Д може да биде клучен во борбата против стареењето. Истражувањето, кое го спровеле експерти поврзани со Харвард, покажало дека лицата кои земале витамин Д3 во текот на четири години имале значително помалку оштетување на ДНК-то, што е показател за побавно биолошко стареење.

Според истражувачите, резултатите покажале забавување на процесот на стареење еквивалентно на враќање на речиси три години назад, во споредба со оние кои земале плацебо.






Студијата, наречена VITAL, вклучувала 1.031 возрасен човек кој земале или 2.000 меѓународни единици (IU) витамин D3 или плацебо, секојдневно во текот на четири години.

Научниците ги анализирале теломерите – делови од ДНК на краевите на хромозомите што ги штитат од оштетување. Познато е дека теломерите стануваат пократки со возраста, а луѓето со подолги теломери генерално имаат подолг животен век.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини