НАУЧНИЦИ ТРЕНИРААТ КРАВИ ДА КОРИСТАТ „ТОАЛЕТ“ Ја спасуваат планетата од загадување
Урината од кравите има многу азот, па ако кравите би можеле да се научат да мократ во „тоалет“ барем повремено, азотот би можел да се собере и да се отстрани пред да ја загади водата или пред да се претвори во гас азот-оксид.
Холандски и германски научници успешно истренирале крави да мократ во посебен простор, со надеж дека тоа ќе помогне во намалувањето на загадувањето на водата и на емисијата на гасови одговорни за ефектот на стаклена градина.
Научници од Универзитетот во Укланд, Линдзи Метју и Даглас Елиф работеле со 16 телиња на фарма која ја води истражувачкиот институт за биологија на животни во Германија.
Тие покажале дека повеќето телиња можат да се обучат да ја задржат урината, се вели во соопштението.
Урината од кравите има многу азот, па ако кравите би можеле да се научат да мократ во „тоалет“ барем повремено, азотот би можел да се собере и да се отстрани пред да ја загади водата или пред да се претвори во гас азот-оксид.
Кога кравите почнале да мократ на погрешно место, научниците ги активирале вибрирачките алки.
Телињата пак, биле наградени со храна ако мокреле во „тоалет“, познат и како „МооЛоо“, кој бил светлозелен за да се разликува.
– Вака некои луѓе ги воспитуваат своите деца, ги ставаат на шолја, чекаат да се измократ, а потоа ги наградуваат ако тоа го сторат. Се покажа дека тоа функционира – вели Метјуз.
До крајот на 15-дневната обука, три четвртини од животните мокреле во „тоалет“.
– Кога би можеле да собереме 10 или 20 отсто од урината, тоа значително би ја намалила емисијата на штетни гасови и испуштањето на азотот во природата – вели Елиф.