Невронска мрежа за откривање на инфекција со новиот коронавирус со помош на рендгенски зраци и слики од компјутерска томографија открија научници од Новосибирск.
Мрежата има база на податоци со 10.000 слики, изјави шефот на одделот за применета информатика на Државниот универзитет за економија и менаџмент во Новосибирск, Сергеј Терешченко, на форумот за урбани технологии.
– Користејќи слики, лекарите треба да утврдат дали има (во белите дробови) какви било патолошки промени. Второ, ако има пневмонија, потребно е да се дефинира природата на оваа пневмонија, бидејќи пневмонијата предизвикана од ковид е малку поинаква од пневмонијата предизвикана од други фактори. За да го решиме тој проблем, решивме да го искористиме методот на компјутерски вид – рече Терешченко.
Тој објасни дека методот на компјутерски вид вклучува создавање на невронскаа мрежа што ќе го идентификува оштетувањето на белите дробови користејќи податоци – податоци што се состојат од голем број различни слики на белите дробови