Британските научници тврдат дека новиот сој на вирус кој се шири во Велика Британија повторно мутирал, што ги загрижува, јавува BBC.
Преку тестирање тие дошле до резултат кој покажува мутација, наречена Е484К, веќе видена во новите соеви од Јужна Африка и Бразил.
Иако оваа промна во генетскиот код на врсот би можела да ја намали ефикасноста на вакцината, моментно расположивата и натаму би требало да дејствува, велат научниците.
Велика Британија веќе ги засили мерките за контрола на ширењето на новите варијанти на вирусот.
Итно тестирање на јужноафриканската варијанта веќе почнало во делови на Англија, а вовеле и забрана за патувања за да спречат влез на нови случаи од странство.