Научници на СЗО испитуваат од каде потекнува коронавирусот

1,148

Додека многу научници се труделе да развијат што поефикасна вакцина против коронавирусот, други се обидуваат да откријат една од неговите најголеми загатки – од каде потекнува коронавирусот. Светската здравствена организација неодамна собра група од меѓународни научници чија цел е да го истражи потеклото на вирусот.

Десетте научници ќе мора да ги испитаат животните кои се сомничат за пренесување на вирусот и првите заразени пациенти.






– Сакаме да дознаеме од каде потекнува и ќе направиме се тоа да го дознаеме – вели директорот на СЗО Тедрос.

Но тоа не значи дека успехот е гарантиран.

Првите случаи на зараза се појавија во Вухан пред една година.

– Времето на откривањето на епидемијата не значи нужно дека тоа е и почеток на епидемијата – велат од СЗО.

Многу истражувачи од различни земји во последните месеци укажуваат дека имало заразени и пред декември 2019 година, а својте заклучоци ги темелат на анализите на отпадните води и примероци на крвта.

– Но за тоа се уште нема јасни докази – вели Етиен Симон Лориер, вирусолог од пастеровиот институт во Париз.

За да го утврдат семејното стебло на вирусот, научниците се потпираат на генетските анализи.

– Тоа би требало да придонесе за подобро разбирање на динамиката на трансмисијата, посебно на тоа како вирусот еволуирал и какао жариштата се поврзани просторно и временски – велат од СЗО.

Научниците знаат дека вирусот стигнал од животните. Големо прашање е што довело до тоа да „скокне“ на човекот, вели Лориер.

Главните осомничени се лилјаците, кои многумина ги сметаат за носители на вирусот и голем резервоар на коронавирусот, додава тој.

Но патот до човекот веројатно не бил праволиниски, туку во приказната се вплеткува уште едно животно како посредник.

Љускавците кои во Кина немилосрдно се криумчарат од природата, идентификуван е на темел на генетската анализа како веројатен носител на вирусот до луѓето, но таа претпоставка се уште до крај не е потврдена.

Истражувачите од СЗО ќе мора да ја разјаснат оваа непозната преку истрага на влажниот пазар во Вухан на кој се продавале живи и диви животни и е поврзана со многу први случаи на зараза. Притоа ќе има многу траги кои ги немале на почетокот на пандемијата.

Симон Лориер вели дека би можеле да бараат животно со рецептор на вирусот, протеинот ACE2 , сличен на тој каков што се наоѓа во луѓето. Преку тој рецептор вирусот се закачува за клетките.

Некои животни како визоните и белите африкански творови имаат слични рецептори како и луѓето, додека другите се потполно поинакви.

Според една од теориите на заговор, во пандемијата е вплеткан Виролошкиот институт во Вухан. Таа идаеја ја прифати и американскиот претседател Доналд трамп, тврдејќи дека вирусот истекол од тамошната лабораторија.

Кина ги отфрла таквите обвинувања.

Симон Лориер вели дека можноста вирусот случајно да избегал засега не може во целост да се исклучи, но истакнува дека нема никакви докази дека е создаден од човек.

– Сите елементи на неговиот геном веќе се видени во природата, воглавно кај коронавирусот кај лилјаците – вели тој.

СЗО тврди дека сосзнанието за тоа на кој начин епидемијата почнала е нужно за превенција од идни продори кај човечката популација. Но предупредува дека процесот на истражување како болеста од животните преминала на луѓето е загатка која со години ќе се одгонетнува.

– Влезот на новиот вирус во човечката популација една е од најголемите загатки која епидемиологот сака да ја разреши – додава СЗО.

– Целат е да се свати механизмот на пренос и да се воведат мерки за избегнување на појава на SARS-CoV-3, SARS-CoV-4  и така понатаму – вели Симон Лориер.

СЗО уште во јули испрати претходница во Пекунг да постави темели за истрага, но се уште не е познато кога поголема група на научници ќе може да оди во Кина за да почне со истражување. СЗО се надева дека тоа ќе биде во најкус можен рок.

Поврзани содржини