Научници измислија мраз кој се витка ВИДЕО

За да ги виткаат влакната научниците морале да го оладат мразот на минус 150 степени. Така тие можеле да ги свиткаат во целосен круг со радиус од 20 микрометри, а потоа да ги вратат назад во првобитната положба.

605

И мразот може да се витка, ако сте научник кој знае да произведе ледени влакна на минус 150, пренесува Индекс. Кинеските истражувачи ставиле игла околу која кристализирале мраз, но процесот го манипулирале со електромагнетно поле за кристалите да бидат совршени и без дупки – инаку, баш затоа мразот пука.

Погледнете како изгледа новиот еластичен мраз.






За да ги виткаат влакната научниците морале да го оладат мразот на минус 150 степени. Така влакната можеле да се свиткаат во целосен круг со радиус од 20 микрометри, што е еластичност од 10,9 отсто.

Мразот откако се свиткал, се вратил во првобитната положба.

Флексибилноста и еластичноста на мразот можат и да се измерат. Ако обичен мраз поднесува еластичен стрес од 0,3 отсто, тогаш новиот мраз ќе може да се витка и до 15 отсто. Оваа бројка не е новост во науката, бидејќи и обичниот мраз имал потенцијал за вакво нешто – но, неговите кристали содржат неправилности заради кои се кршат, стои во статијата на Science Alert.

Научниците од универзитетот во Хеџијанг во Кина биле претпазливи. Прво пуштиле водена пареа околу иглата и го вклучиле магнетното поле. Микронските влакна, наречени микрофибери, со ширина од 10 микрометри почнале да се создаваат.

Неверојатно. Влакната на мразот кој се витка биле потесни од влакно од коса на човек.

Поврзани содржини