НАУЧИВМЕ КАКО СЕ ПРАВАТ НАЈДОБРИТЕ КРЕМПИТИ НА СВЕТОТ На местото на „злосторството“ – во Самобор

Самоборските кремшнити (кремпити) се прогласени за нематеријално културно богатство на Република Хрватска и не постои човек што некогаш го посетил Самобор, а да не проба од овој убав, кремаст автохтон самоборски бренд! Ние дојдовме до оригиналниот рецепт, стар скоро 100 години, според кој кремпитите се прават и денес во култната слаткарница „У пролазу“

591

Самоборските кремшнити, или по нашки – кремпити, се прогласени за нематеријално културно богатство и се запишани во регистарот на заштитени културни добра на Република Хрватска, а тоа е само едно од низата признанија за автохтониот десерт на градот Самобор – по кој е познат во дел од светот. Ние дојдовме до оригиналниот рецепт, стар скоро 100 години, според кој кремпитите (крешнитите) се прават и ден денес во култната слаткарница „У пролазу“.

Токму таму можете да ги пробате најдобрите кремпити и според мислењето на мнозинството, па и на моите домаќини, слаткарницата „У пролазу“ сè уште ја носи титулата „култно место во кое се јадат најдобрите кремшнити во Самобор“ – а тоа значи во Хрватска (а можеби и во светот, би додале како нови „фанови“ на овој десерт).






Целиот текст и оригиналниот рецепт за кремпитите од Самобор, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини