Натпревари без публика, што друго предвидуваат новите протоколи?

Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

288
Владата ги објави протоколите за одржување спортски натпревари, за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани, за вршење меѓуградски превоз и други.





На веб страницата на владата се објавени и Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Во соопштението од владината прес служба се додава дека се објавени и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.

Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Поврзани содржини