НАТО ЗНАЕШЕ ДЕКА ОРБАН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН Тој не ја претставува Алијансата на средбата, вели Столтенберг
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чијашто членка е Унгарија, пренесуваат светските агенции.
Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата била однапред информирана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е на пат да ја посети Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чијашто членка е Унгарија, пренесуваат светските агенции.
Орбан претходно денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со таа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.