НАТО војници по грешка упаднале во фабрика во Бугарија, вработените се треселе од страв (ВИДЕО)
Групата војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката. Двајца вработени во фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги посетиле сите простории во фабриката.
Група војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката.
Вработените во фабриката за производство на сончогледово масло во едно бугарско село кај Пловдив се нашле на метата на војниците на НАТО, кои по грешка, за време на воени вежби, упаднале во нивното работно место, објави „Нова“.
Станува збор за маневрите „Swift response 21“ во кои учествувале, американски, италијански и бугарски војници. Според сценариото, десантот на војниците требало да биде на напуштен аеродром. Меѓутоа, веднаш покрај аеродромот се наоѓа фабрика.
Групата војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката. Двајца вработени во фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги посетиле сите простории во фабриката.
– Беше страшно. Многу се исплашив и не знаев како да реагирам. Се тресев од страв – рече еден вработен.