НАТО ТРУПА ВОЈСКА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО! Загриженост по пропаднатите преговори во Брисел

Косовската полиција потврди дека покренала истрага за графитите што се појавија ден претходно во северниот дел на Косовска Митровица, претежно населен со Срби.

2,401

Американските војници во рамките на НАТО се распоредени долж главните патишта на северот на Косово и Метохија по неуспехот на преговорите во Брисел, јавува Асошиејтед прес.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави во четвртокот по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и  Курти во Брисел дека „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е крајот на приказната“.






Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во петокот оцени дека иако многумина се разочарани што вчера во Брисел немаше напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак резултатот од тие разговори е позитивен.

Косовската полиција потврди дека покренала истрага за графитите што се појавија ден претходно во северниот дел на Косовска Митровица, претежно населен со Срби.

Случајот е класифициран како „предизвикување омраза и нетрпеливост“, објави порталот КоССев.

Графитите „Не грижи се, ние сме тука“, „Северна бригада“, „Не грижи се, те чекаме“ се појавија на улиците на Косовска Митровица во пресрет на вчерашните разговори меѓу Вучиќ и Курти во Брисел.

На заедничката прес-конференција со шефот на НАТО Јенс Столтенберг Вучиќ рече дека на северот на Косово има нова генерација деца кои нема да трпат терор, но дека тоа нема никаква врска со него или со  Столтенберг. По одвоени разговори со Вучиќ и со Курти Столтенберг ги повика двете страни да покажат воздржаност, да избегнуваат насилство и да ги решат несогласувањата преку политички разговори организирани од Европската унија.

Поврзани содржини