(ВО ЖИВО) НАТО СПРЕМА НАПАД, НИЕ СМЕ СПРЕМНИ ДА РЕАГИРАМЕ Путин се закани со нуклеарен одговор кон Западот

НАТО се подготвува да ја нападнe нашата територија користејќи ги најмоќните сили, рече рускиот претседател. Што се однесува до руските нуклеарни сили, Путин рече дека тие се со полна сила и дека се подготвени да реагираат.

902

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ѝ се обраќа на нацијата 2 недели пред изборите. Последен пат им се обрати на граѓаните на Русија на 23 февруари 2023 година кога соопшти дека неговата држава го суспендира договорот за нуклеарно оружје „Старт“.

– Почитувани граѓани на Русија, овој говор е за иднината. Денеска нема да зборуваме само за тоа што ќе се случи утре, туку за иднината и за напредокот на нашата земја. Ви благодарам за големата поддршка за „специјалните воени операции“ во Украина. Целата нација ги поддржува и им благодари на нашите паднати херои во рововите. Западот има тенденции да нѐ колонизира и да ја уништи Русија. САД сакаат да го поделат нашето општество – започна Путин.






Што се однесува до руските нуклеарни сили, Путин рече дека тие се со полна сила и подготвени да реагираат. Особено ги истакна хиперсоничните ракети „Кинжал“ и интерконтиненталните ракети „Сармат“.

„Глупости“, одговори Путин на „наводите од Запад“ дека Русија се подготвува да ја нападне Европа.

Путин продолжи да зборува за проширувањето на НАТО пактот и дека мора да се заштити Западна Русија. Тој предупреди какво сценарио ја очекува секоја земја што ќе реши да ја нападне Русија.

– НАТО се подготвува да ја нападнe нашата територија користејќи ги најмоќните сили – рече рускиот претседател.

Западните новинари се поканети да присуствуваат на говорот на Владимир Путин, но тие нема да можат да бидат во салата туку во прес-центарот кој се наоѓа во истата зграда. Таму ќе имаат голем екран на кој ќе го следат обраќањето на претседателот на Русија, кој се очекува да зборува за војната во Украина, а и да презентира планови за економијата, социјалната политика и за надворешните интереси на неговата земја.

Неговото обраќање се емитува низ целата земја. Говорот ќе се емитува на големите рекламни екрани низ Москва.

Поврзани содржини