НАТО РЕШИ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА Ѝ ПОМАГА НА УКРАИНА Не смееме да дозволиме Русија да победи
Министрите остануваат цврсти во нивната посветеност на независноста на Украина и никогаш нема да ги признаат нелегалните анексии од Русија. Тие ја потврдија и одлуката донесена на самитот на НАТО во 2008 година дека Украина на крајот ќе стане членка на Алијансата.
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО денеска во Букурешт ветија дека ќе ја засилат поддршката за Украина и ќе помогнат во поправката на нејзината енергетска инфраструктура, која е погодена од руските напади со кои е прекинато снабдувањето со струја и греење за милиони Украинци, јавија британските медиуми.
„Руската агресија, вклучувајќи ги нејзините актуелни и бескрупулозни напади врз украинската цивилна и енергетска инфраструктура, лишува милиони Украинци од основните човечки услуги. Ќе продолжиме и дополнително ќе ја зголемуваме политичката и практичната поддршка за Украина додека таа продолжува да го брани својот суверенитет и територијален интегритет и ќе ја одржиме нашата поддршка доколку е потребно“ – се наведува во заедничката изјава на министрите.
Министрите соопштуваат дека остануваат цврсти во нивната посветеност на независноста на Украина и никогаш нема да ги признаат нелегалните анексии од Русија. Тие ја потврдија и одлуката донесена на самитот на НАТО во 2008 година дека Украина на крајот ќе стане членка на Алијансата.
изјави дека земјите од Алијансата се договориле за поблиска соработка со Украина.
– Сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно. Ние нема да отстапиме. Не треба да се дозволи пораз на Украина и победа на Русија, бидејќи тоа ќе испрати сигнал до авторитарните режими дека може да употребуваат сила. Поддршката за Украина е во интерес на безбедноста на НАТО – рече генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба апелираше до членките на НАТО побрзо да достават оружје и друга помош за неговата земја. За време на заедничката прес-конференција со Столтенберг, Кулеба рече дека претходниот пат, кога апелирал до Алијансата, рекол „оружје, оружје, оружје”, а дека денеска во Букурешт дошол со порака „побрзо, побрзо, побрзо”.
– Ние сме благодарни за сè што е направено досега, но мора да продолжиме да се бориме. Докажавме дека можеме да ја победиме Русија, но одлуките за оружјето, за новите линии на производство на оружје и за неговата испорака мора да се носат побрзо – рече Кулеба на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО.
Кулеба, исто така, укажа на значењето на другите форми на западна помош, првенствено агрегати, бидејќи Украина има големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија по руските напади врз цивилната инфраструктура.