НАТО ПРОТЕРА ОСУМ ЧЛЕНОВИ НА РУСКАТА МИСИЈА Алијансата тврди дека биле разузнавачи

НАТО, исто така, го намали бројот на позиции од 20 на десет, за што Русија може да акредитира луѓе во таа организација.

463

 НАТО протера осум членови на руската мисија од алијансата, тврдејќи дека работеле тајно како разузнавачи, изјави неименуван претставник на НАТО.

„Можеме да потврдиме дека ги повлековме акредитациите за осум членови на руската мисија во НАТО, кои беа непријавени руски разузнавачи“, изјави претставник на НАТО.






Тој додаде дека НАТО, исто така, го намали бројот на позиции од 20 на десет, за што Русија може да акредитира луѓе во таа организација. Не е дадено објаснување за таа одлука, но се наведува дека ќе стапи на сила кон крајот на месецот.

Поврзани содржини