НАТО ПОДИГНА ДВА ГЕРМАНСКИ „ЈУРОФАЈТЕРИ“ ПОРАДИ РУСКИ АВИОН По десетти пат годинава се вклучија алармите над Балтичкото Море
Според германските воздухопловни сили, рускиот авион „Иљушин Ил-20м“ летал без сигнал и без известување и останал во меѓународниот воздушен простор. Ова беше 10-то алармно полетување над Балтичкото Море оваа година.
НАТО подигна два германски авиони „Јурофајтер“ поради ненајавено приближување на руски извидувачки авион над Балтичкото Море, соопштија денеска официјални лица.
Како што пренесе ДПА, млазните авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге за да го идентификуваат рускиот авион „Иљушин Ил-20М“.
Авионот летал без сигнал и без известување и останал во меѓународниот воздушен простор, изјави портпарол на германските воздухопловни сили.
Ова беше 10-то алармно полетување над Балтичкото Море оваа година.
Ситуацијата во областа станува сè позатегната по неодамнешните шпионски инциденти и осомничени акти на саботажа.