НАТО НЕ НАПРАВИ НИШТО ПРОТИВ ЛУДИОТ ИРАН Ќе ви го запомниме ова, вели Трамп
Претседателот на САД жестоко ги напаѓа НАТО сојузниците дека не му помогнале во војната против Иран и испраќа порака „никогаш да не се заборави“ овој факт.
„Земјите членки на НАТО не направија апсолутно ништо за да помогнат со лудиот Иран, кој сега е воено распарчен. На Соединетите Американски Држави не им е потребен НАТО, но ‘никогаш не заборавајте’ го овој многу важен момент“.
Вака напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“.
Трамп и претходно остро ги критикуваше своите сојузници во Европа затоа што не ја поддржуваат повеќе војната на Вашингтон и Израел против Техеран.
Земјите во Европа остануваат скептични за вклучување во војната. Од друга страна, Кралската морнарица на Обединетото Кралство објави ќе ја предводи „Коалицијата Ормуз“ за повторно отворање на клучниот проток испраќајќи бродови за чистење мини заедно со американската и француската морнарица.
Во подоцнежна објава Трамп ги нарече иранските преговарачи многу различни и чудни и рече дека тие треба да молат за договор. Тој, исто така, го повтори своето тврдење дека Иран е воено уништен и дека земјата нема шанси за закрепнување.