НАТО ИМА ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ГЕРМАНИЈА Вадефул загрижен од најавите на Трамп дека ќе ги повлече САД од Алијансата

Повлекувањето сè уште може да се спречи. Мислам дека нашата јасна посветеност и решителна поддршка за Алијансата ќе ги убедат САД да продолжиме заедно, вели германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул.

155

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изрази загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста САД да се повлечат од НАТО.

– Секако, таквите изјави ме загрижуваат. Повлекувањето сè уште може да се спречи. Мислам дека нашата јасна посветеност и решителна поддршка за Алијансата ќе ги убедат САД да продолжиме заедно – рече Вадефул.






Трамп и државниот секретар Марко Рубио неодамна повторно предупредија на можноста САД да го напуштат НАТО поради одбивањето на некои сојузници да учествуваат во војната против Иран.

Вадефул посочи дека НАТО има огромно значење за безбедноста на Германија и сите други сојузници, нагласувајќи дека Алијансата е посилна од кога било. Тој ја спомена и интеграцијата на Шведска и Финска во НАТО и подготвеноста на европските земји да издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана.

Шефот на германската диломатија, исто така, нагласи дека Трамп не може сам да одлучи за повлекување од НАТО.

– За тоа ќе му биде потребно одобрување од Сенатот на САД – рече Вадефул.

Поврзани содржини