НАТО И СРПСКАТА ВОЈСКА ЌЕ ВЕЖБААТ ЗАЕДНО Вучиќ напиша дека имал значаен состанок со адмиралот Вајкоф
Адмиралот Џорџ Викоф беше во Белград, каде што се сретна со претседателот на Србија. Вежбата на НАТО и српската армија ќе се одржи во мај на полигонот Боровац, на покана на Србија и со почитување на нејзината политика на воена неутралност.
Командата на здружените сили на НАТО во Неапол објави дека ќе одржи вежба со српската армија во мај. Командата на својот профил на социјалната мрежа Икс објави дека вежбата ќе се одржи на покана на Србија.
„Ја поздравуваме можноста српскиот и сојузничкиот воен персонал да тренира заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац во Србија, што српските вооружени сили интензивно го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучително и мировни операции на ОН. Таа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност“, објави Командата.

Адмиралот Џорџ Викоф, командант на Командата, беше во Белград во петокот, каде што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Вучиќ напиша на социјалната мрежа Инстаграм дека имал „значаен состанок“ со Вајкоф за зајакнување на соработката со НАТО, а воедно и зачувување на воената неутралност на Србија.