НАТО И РУСИЈА ДЕНЕСКА „ВОЈУВАА“ СО ИЗЈАВИ Столтенберг и Лавров на фронтот

Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Шефот на руската дипломатија, пак, изјави и дека Столтенберг изгубил контакт со реалноста.

899

НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.

Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“.






Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа.

Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните тензии

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ја коментираше вчерашната изјава на норвешкиот дипломат за можното зголемување на военото присуство на Алијансата на нејзиното источно крило

– Видете, јас одамна веќе не обрнувам внимание на неговите изјави. Според мене, тој одамна го загубил контактот со реалноста – рече Лавров.

НАТО во понеделникот соопшти дека земјите-членки ги подготвуваат своите сили и „испраќаат дополнителни бродови и борци во Источна Европа за да го зајакнат сојузничкото одвраќање и одбрана додека Русија продолжува да ја зголемува својата воена моќ во и околу Украина“.

Столтенберг вчера кажа дека распоредувањето на нови сили на Алијансата во Источна Европа „не ја загрозува Русија“ и не го попречува дијалогот со неа.

Поврзани содржини