НАТО ЌЕ ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА ЗА УКРАИНА Столтенберг признава дека нѐ очекува тешка зима
Можеби ќе бидат потребни години поддршка за Украина, но ова ќе има последици, предупреди Столтенберг, не само во воената сфера, туку и за индустриите. Столтенберг потсети дека според член 5 од Вашингтонскиот договр од 1949 година, НАТО-земјите треба заедно да реагираат и да се бранат ако некоја членка биде нападната.
НАТО и сојузниците ќе ја платат цената за нивната поддршка на Украина, а зимата ќе биде тешка, предупреди генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за германски ЗДФ, каде порача дека е неопходно Западот да продолжи да ја помага оваа земја, пренесува ТАСС.
– Ќе платиме цена за нашата поддршка на Украина како последица на санкциите и секако фактот дека Русија ја користи енергијата како оружје. Но, мора да разбереме дека нема алтернатива за нашата поддршка.
– Не велам дека е лесно. Потребна е напорна работа. Посветен сум да работам со другите водачи на Алијансата во Европа и Северна Америка за да се осигураме дека ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка – додаде Столтенберг укажувајќи дека Германија дала значаен придонес и дека ќе направи повеќе.
Шефот на НАТО го повика Западот „да ја максимизира веројатноста за прифатлив исход на војната од гледна точка на Украина“.
– Најдоброто што можеме да направиме е да обезбедиме воена, финансиска, хуманитарна и економска поддршка на Украина – нагласи тој.
Можеби ќе бидат потребни години поддршка за Украина, но ова ќе има последици, предупреди Столтенберг, не само во воената сфера, туку и за индустриите.
– Треба да го зголемиме производството – вели тој.
Столтенберг потсети дека според член 5 од Вашингтонскиот договр од 1949 година, НАТО-земјите треба заедно да реагираат и да се бранат ако некоја членка биде нападната.
– Како НАТО, имаме две улоги: мораме да ја поддржиме Украина, наш близок партнер. Другата задача е да се осигураме дека нема да има ескалација – потцртува првиот човек на Алијансата.