НАТО ДА ЈА ИЗБРКА ТУРЦИЈА Познат аналитичар во колумна за Си-Ен-Ен предлага исклучување од Алијансата
Анделман има слична идеја и во врска со нафтеното ембарго на ЕУ, кое според него, Европа треба да го спроведе без разлика на ветото на Виктор Орбан.
„НАТО едноставно треба да го отвори патот за прием на Шведска и Финска. Што е најлошото што Турција може да го направи – ќе тужи? Ќе се повлече? И онака сериозно се размислува за исклучување на Турција од НАТО – посебно откако Ердоган ги купи руските С-400 одбранбени системи од Русија“.
Вака пишува познатиот новинар и аналитичар Дејвид Анделман во колумна за Си-ен-ен. За Анделман приемот на двете скандинавски држави и пречките што ги претставува Турција во организацијата се поважни од тоа што Турција ја има втората по големина активна армија во НАТО после САД. И тоа што истата оваа армија управува со Босфорот и влезот во Црното море.
Анделман има слична идеја и во врска со нафтеното ембарго на ЕУ, кое според него, Европа треба да го спроведе без разлика на ветото на Виктор Орбан.
„Направете ги Орбан и Ергодан небитни. Останатите 26 земји-членки треба едноставно да го воведат ембаргото“, вели аналитичарот.
„Сега е време за демократиите да стиснат заби и да прогласат дека е доста, и дека правдата мора да победи. На крај, сите ќе излеземе посилни заради тоа“, додава Анделман.
Откако Турција постави 10 свои барања за да каже „да“ за Шведска и Финска во НАТО, приемот на овие две земји во Алијансата би можел да се пролонгира.