НАТО ЈА СПРЕМА МОЛДАВИЈА ЗА КОНФЛИКТ? Земјата може да се приклучи на Алијансата

Во Брисел е донесена одлука за забрзување на трансформацијата на Молдавија во база на Алијансата на источниот фронт, со оглед на напредувањето на руските сили во Украина, тврдат руските служби.

817

Северноатлантската алијанса се обидува да ја вклучи Молдавија во потенцијален вооружен конфликт со Русија, оцени денеска Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СНР).

„Според информациите што пристигнуваат во СНР, НАТО активно се подготвува да ја искористи Молдавија во можен вооружен судир со Русија. Во Брисел е донесена одлука за забрзување на трансформацијата на Молдавија во база на Алијансата на источниот фронт, со оглед на напредувањето на руските сили во Украина“, се наведува во соопштението.






Според СНР, молдавските власти се надеваат на поддршка од НАТО за проевропската партија „Акција и солидарност“ на претстојните парламентарни избори. Доколку претседателката Маја Санду победи, таа наводно ветила дека ќе го укине неутралниот статус на земјата.

Односите меѓу Москва и Кишињев значително се влошија по доаѓањето на Санду на власт кон крајот на 2020 година, при што таа се залага за поголема интеграција на Молдавија со Европската Унија, тврдат руските служби.

Молдавија е неутрална држава според својот устав, иако соработува со Алијансата преку различни партнерски програми.

Поврзани содржини