НАТАША КОТЛАР ЌЕ СПРЕЧИ БЕТОНИЗАЦИЈА НА ВОДНО Професорката го откри мотивот во битката што ја води за Центар

Неконтролираното градење и уништувањето на малкуте зелени површини го направија Центар место со понизок квалитет на живот, а сето ова се случува среде центар на град во срцето на Водно. Ова мора да престане - пишува Котлар на Фејсбук.

1,358

Токму против оваа бетонизација и насилно уништување на Водно се нафатив да се кандидирам за Центар, вели кандидатката за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

– Неконтролираното градење и уништувањето на малкуте зелени површини го направија Центар место со понизок квалитет на живот, а сето ова се случува среде центар на град во срцето на Водно. Ова мора да престане – пишува Котлар на Фејсбук.






Таа претходно во кампањата најави дека во Центар ќе направи иновативен парк за младите луѓе, претприемачи кои имаат иновативни и старт-ап компании и кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар.

– Просторот ќе им биде изнајмен во тек на три години без да го плаќаат надоместокот и тоа ќе го плаќа Општина Центар. Овој начин на работење го иницираме за да може младите луѓе со своите иновативни и креативни идеи да се поврзат со научната сфера, работниот процес, бизнисот и со други фактори во бизнисот за да можат да развиваат современи технологии, но исто така да имаат и апликативни проекти. На тој начин тие не само што ќе се поврзуваат со заедницата во својата земја, тие ќе бидат поврзани регионално и пошироко. На тој начин ќе се вмрежува современата технологија, идејата на младите луѓе и нивната креација – рече Котлар.

Поврзани содржини