НАТАША БЕКВАЛАЦ ИМАЛА СООБРАЌАЈКА Камион се забил во нејзиниот автомобил
За среќа, сѐ поминало само со материјална штета и нема повредени.
Новосадската пејачка Наташа Беквалац (41) доживеела сообраќајна несреќа во понеделникот, во утринските часови во центарот на Белград, пренесува српски „Курир“.
Пејачката управувала со автомобил, марка „ауди“, а според сознанијаата на српските медиуми, сударот го предизвикал возачот на камионот.
Наташа возела буквално 10 километри на час кога налетал камионот кој со голема брзина удрил во нејзиното возило. Возачот на камионот веднаш ја признал вината и подготвен е да ги сноси последиците.
За среќа, сѐ поминало само со материјална штета и нема повредени, со оглед на тоа дека камионот што се забил во нејзиното возило бил прилично голем.
ФОТО: Инстаграм